Со голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Охрид на Градскиот плоштад ВМРО-ДПМНЕ ја започна изборната кампања за Претседателските избори 2019 година.

Како што беше најавено пред митингот, Мицкоски потврди дека полицијата се обидела да ги спречи автобусите да дојдат на митингот во Охрид иако МВР демантира.

Еве нè тука од градот каде ги почнуваме сите наши битки и патишта, тука е почетокот на сите наши премрежја и мегдани, традиционално од Охрид, градот на историјата, на љубовта, на верните луѓе кои ја сакаат сопствената татковина. Градот каде што Бог не штедел на убавините и богатата природа. Местото кое на Македонија, но и на светот му ги даде свети Климент и свети Наум, градот на големиот Прличев, местото каде живее пркоста на Методиј Патчев, се слави самопрегорот на Христо Узунов, сè уште се пеат стиховите на Абраш: 

црвено е небото в зори што се смее, црвено е ова знаме гордо што се вее;  

И гневот е црвен на стари и млади. 

Гневот е голем, навистина голем од она што ѝ го направија на Македонија. Затоа, придружете ни се, време е за акција, го започнува својот говор претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на првиот митинг во изборната кампања за претседателските избори 2019 година.

Мицкоски потсети на револуционерното минато на Охрид.

Во Охрид се слушаат татнежите на Петар Чаулев и на голем број Македонци. И не за џабе го кажувам ова, не за џабе потсетувам на нивните дела и заслуги за нашата земја, бидејќи секое од овие имиња нас длабоко нè обрзува, и затоа ние се поклонуваме пред нивните имиња и почитуваме нивните нивните дела, сè она за што се залагале, се бореле и за сето она на што ги посветиле животите. А тоа е Македонија, рече тој.

Мицкоски е убеден дека ќе победат срца кои треперат, душите во кои пламти огнот за Македонија.

Ќе победиме, бидејќи треба правда, а ова е нашата борба против неправдите!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.