Се огласи и менаџментот на Рагуза 360 , каде во саботата пред 100 -тина лекари дерматолози се одржа семинар на кој беше заболената со корона вирус докторка- директор на кожната клиника во Скопје. Во дописот испратен од Рагуза 360 до медиумите се вели:

Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 07-ми март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот.

По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави. Телефонски разговаравме со нашите вработени, како и тие кои што директно служеа во салата, засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот.

Сакаме да информираме дека по дознавање на веста, веднаш побаравме од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот и сме во директна комуникација со Министерство за здравство, информираат од Рагуза 360.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.