Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, поднела барање до судот да не биде спроведена од страна на полицијата во судот каде што ќе биде соопштена пресудата за „Рекет“, велат извори од судот за А1он.
Информацијата ја потврди и нејзината адвокатка, Ирена Фрчковска, но без објаснување која е причината поради која нејзиниот клиент одбива да присуствува на крајот на судскиот процес.
Вакво барање не поднел првообвинетиот Бојан Јовановски и тој ќе биде спроведен од истражниот затвор во судот каде ќе ја слушне пресудата донесена од судечкиот совет.
Судот ја товари поранешната специјална обвинителка за злоупотреба на службената положба и овластување, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години. Боки 13 е обвинет за две кривични дела, примање награда за противзаконито влијание за кое казната е од една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело кое му се става на товар, односно перење пари и други приноси од казниво дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.