Универзитетскиот професор и учесник во Шарената револуција, Гордан Калајџиев во емисијатат студио 1 на 1 ТВ нагласи дека помилувањето е само изговор за остварување на некои политички цели, односно како што рече тој постигнување на доволно мнозинство за Преспанскиот договор.
Според него, погрешен е чекорот на селекција за тоа кој одговара и кој може да одговара.
Се мачат со некаква селекција за тоа кој може да одговара, а кој не и сметам дека тоа е погрешен чекор, потенцираше тој.
Калајџиев истакна дека повеќе се согаласува со она што го понуди ВМРО-ДПМНЕ, амнестија за сите, бидејќи според него тоа решение е почисто и полесно изводливо, бидејќи без разлика кој какви дејствија има за 27 април сепак учествувал во тој настан.
Јас сметам дека опцијата за чиста амнестија за целиот настан е почиста и полесно е изводливо и помалку ќе има опашки. Сега они можеби тактизираат. Сега ние тука не знаеме колку им треба во процесот да ги држат овие условно речено политички трговии. Инаку почисто е да има амнестија. Амнестијата како институт е за цел настан и за неопределен круг на луѓе и тука не се оди поименично. Поименично влегува во институтот помилување, кое што е оставено за претседателот на државата, смета тој.
Мојот совет би бил повеќе во насока на она што го нудеше ВМРО. А јас ретко се слагам со ВМРО, заврши Калајџиев.
Искрено да ви кажам овие процес не ми се ни мене и, а ниту на јавноста јасни до крај. Имам еден впечаток личен веројатно го дели и дел од јавноста, дека не се многу искрени политичарите. Искрено помилувањето е само изговор за постигнување на некои политички цели, во смисла на постигнување на доволно мнозинство за Преспанскиот договор. Ако јас би се прашал дали би го голтнал, а би голтнал една амнестија за оваа цел, можеби би голтна. Меѓутоа проблемот е ако се навикнувате да голтате, се навикнувате на неказнивост и на она дека системот е дисфункционален, вели Калајџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.