Видео платформата „Јутјуб“ ги отстрани видеата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро со образложение за ширење дезинформации за Ковид-19.

Во соопштението на „Јутјуб“ се наведува дека одлуката е донесена „по внимателното прегледување“ и без да биде земена предвид функцијата или политичката идеологија на Болсонаро.

Претседатлот на Бразил е критикуван поради рекламирање на недокажани лекови, ширење на сомнеж за вакцината против Ковид-19 и избегнување да носи маска.

Кабинетот на Болсонаро се уште не ја коменирал оддлуката на „Јутјуб“.

Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук минатата година ги отстранија видео снимките од Болсонар поради кршење на условите за употреба, откако тој се спротивстави на препораките на глобалните експерти за јавно здравје.

Болсонаро на „Јутјуб“ ги објавува неговите неделни видеа во кои тој ги поканува министрите, поставува прашања и зборува за своите противници.

За време на разговорите, кои исто така се појавуваат на неговиот профил на Фејсбук, тој редовно предизвикува сомнежи за сериозноста на вирусот и ограничувачките мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.