Ве информираме дека од утре, четврток (12.03.2020 год),нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз, стои во соопштението на ЈСП.
Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно. Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот, додаваат од ЈСП.
Од таму информираат дека одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.