Шефот на изборниот штаб на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и генерален секретар на партијата, Игор Јанушев, е задволен што на овие избори ќе биде исполнет цензусот и што и покрај притисоците, народот излегува и гласа. Јанушев повикува на масовност.
Народот свесно и со желба за промени и правда излегува и гласа. Останува запишано дека покрај сите притисоци, закани, нерегуларности, народот излегува, народот доаѓа по своето и со сигурност ќе ја порази оваа власт. Колку тие притискаат, толку повеќе народот се спротивставува. Повикувам секој еден човек да излезе и гласа, да покажеме масовност. Да се одбере правда, овој пат се работи за нашата Татковина, за нашата Македонија, за иднината и новата реалност во кои оваа власт ќе биде делегитимирана. Ајде да им покажеме дека Македонија е горда, достоинствена, со кренета глава. Победата е на прагот. Сега е времето кога вашиот глас одлучува, сега е времето кога треба да кажеме доста е, Македонија заслужува многу повеќе и многу подобро. Одлучуваш за Македонија, за твојата иднина!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.