Четири лица се убиени со огнено оружје во селото Пожарање во Косово, кое се наоѓа на околу 35 километри од македонската граница, потврдија косовската полиција и окружното обвинителство во Гњилане.
Велат дека е рано да се зборува за мотивите на овој трагичен случај, но потврдуваат дека вчера околу 18 часот маж си ја убил сопругата и синовите, а потоа и самиот си пресудил.
Полициските и медицинските екипи веднаш излегле на местото на несреќата, но тие само можеле да ја потврдат смртта на сите членови на семејството. По наредба на обвинителот, нивните тела ќе бидат испратени на обдукција до Институтот за судска медицина во Приштина, се вели во соопштението.
Косовските медиуми пренесуваат дека Фетах Зука со огнено оружје прво ја убил сопругата Макфире, потоа и неговите возрасни синови Амди и Арбер и на крајот извршил самоубиство во семејниот двор.
Медиумите наведуваат дека семејството дошло од Швајцарија за празниците. Извори од обвинителството во Гњилане за „Газета“ изјавиле дека причината што довела до убиството е конфликтот што брачниот пар со години го имал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.