Утрово околу 10 часот од водите на Вардар, на потегот меѓу гостиварските села Форино и Чегране, пронајдено е и извлечено телото на машкото лице кое беше пријавено вчера попладне, дознава Гостиварпрес.мк.
На местото акде што е пронајдено безживотното тело на 18-годишното момче увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а телото е предадено на обдукција, за да се утврди идентитетот, дали врз него има траги на насилство.
Случајот беше пријавен вчера околу 16 часот од жител на гостиварско Мало Турчане, кој го забележал телото во Вардар близу селото, се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид по што била повикана полицијата и пожарникари.
Припадници на полицијата и пожарникари до доцна синоќа го пребаруваа коритото во обид да го лоцираат човекот на кого претходно неколкумина граѓани се обиделе да му помогнат и да го извлечат од реката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.