Овие локални избори покажаа дека граѓаните на Штип не го сакаат кандидатот на СДСМ и покрај настојувањето на власта по секоја цена да се одржи гласање. За Штипјани очигледно поважно беше здрвјето и покажаа поголема свест од партијата на власта.
Тоа го говорат и бројките од последните парламентарни и локалните во 2017 година за Штип.На парламентарните избори 2020 во Штип, вкупно гласале 24067 избирачи, l На локалните избори 2017 гласале 29 254 гласачи Денес таа бројка е околу 14.000 или околу 33 проценти.
Пред три години во 2017 гласале вкупно 29.254 гласачи, односно 69.39% од вкупниот број на избирачи.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта денеска го покажала целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес, ова денеска преку сооптение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани. Подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кој после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.