Еден од најдобрите израелски медицински центри објави загрижувачка студија за долгорочните ефекти од инфекција со коронавирусот. Студијата откри дека пациенти од 45 години на физичките тестови покажале како да имаат 80 години.

Околу 30 луѓе на просечна возраст од 45 години учествувале во истражување спроведено од Медицинскиот центар Баилинсон. Три месеци откако официјално биле излечени, од поранешните пациенти било побарано да изведат низа едноставни физички тестови во кои се покажале во прилично лоша кондиција.

Една од задачите била пешачење од шест минути и за тоа време минале околу 450 метри, додека просекот за нивната возрасна група е околу 700 метри. Ништо подобри не биле ни во другите вежби.

Истражувачите велат дека резултатите се слични на нивоата за кондиција кај луѓе на возраст од 80 години.

Иако студијата опфаќа мал број луѓе, резултатите потсетуваат на студија спроведена во Кина. Тоа истражување е објавено во Lanset во јануари, а е основано на податоци за повеќе од 1.700 луѓе во Вухан, на просечна возраст од 57 луѓе.

Кинеските испитаници биле подложени на физички тестирања во текот на половина година по закрепнување од коронавирусот, а кај 63 проценти е утврдено дека покажуваат умор или слабост во мускулите.

Кога станува збор за тестот од шест минути печашење, до 29 проценти од учесниците не успеале да ја достигнат ни долната граница на нормален опсег за својата старосна група.

Останатите компликации на кои испитаниците наишле вклучуваат проблеми со спиење, анксиозност и депресија, пишува RT.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.