Иранската влада објави дека разбила американска шпионска мрежа на ЦИА, со што уште повеќе се зголемуваат веќе високите тензии меѓу Иран, САД и другите НАТО-сили, пренесуваат светските медиуми.
Преку изјава на националната телевизија, Министерството за разузнавање во Техеран тврди дека притворило 17 агенти кои наводно работеле за Америка. Новинската агенција „Фарс“ од Иран пренесе дека дел од нив добиле и смртни казни.
Некои добија смртни казни, а некои долготрајни затворски казни – рекле од министерството за иранските медиуми.
Иранските власти неодамна тврдеа дека откриле голема мрежа за кибер-шпионажа, која исто така, според нивните кажувања, била предводена и раководена од ЦИА. На прес-конференција, официјално лице од разузнавачката служба на земјата рече дека за овој случај имало повеќе уапсени во изминатите месеци.
Според информациите од Иран, ЦИА регрутирала Иранци кои барале визи за во САД. Сите притворени лица се државјани на Иран кои работеле независно.
На дел од нив им е пристапено кога аплицирале за виза, додека другите веќе имале визи од претходно и се соочувале со притисоци од ЦИА – стои во изјавата на иранските власти.
Дел од уапсените работеле во нуклеарни и воени објекти, а властите тврдат дека ниту еден од нив не успеал да ја спроведе сопствената мисија и планираната саботажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.