Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саед Хатибзадеh, соопшти дека Иран постигнал договор за размена на затвореници со САД.

Ваквата изјава на иранскиот владин претставник доаѓа само еден ден откако официјален Вашингтон негираше дека е постигнат таков договор.

Нечуено, САД го негираат едноставниот факт дека е постигнат договор за прашањето на затворениците. Хуманитарната размена е договорена со САД и Велика Британија во Виена, одделно од JCPOA (Заеднички сеопфатен план за акција) и станува збор за ослободување на 10 затвореници од сите страни. Иран е подготвен да го исполни денеска – напиша Хатибзадех на Твитер.

САД вчера го обвинија Иран дека е виновен за ќорсокакот во нуклеарните преговори и негираа дека е постигнат договор за размена на затвореници.

Иранскиот главен преговарач за нуклеарни прашања, Абас Араки, вчера на Твитер напиша дека САД и Велика Британија мора да престанат да ја поврзуваат хуманитарната размена со преговорите за нуклеарните прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.