Треба да се срамат тие кои иако знаеле дека Европа не е спремна, ги лажеа луѓето и го сменија името. Исто како што и некои во Европа треба да се срамат што бараа да се самоизбришеме за да не’ признаат дека постоиме – напиша Богдан Илиевски на Фејсбук.
Понатаму тој пишува:
Треба да се срамат тие кои мислеа дека со нудење патлиџани по твитер (патлиџан-дипломатија) ќе изнудат симпатии кај земјите членки кои ќе си речат „еј, види ама се духовити и доброчудни, ајде да ги земеме во наша екипа“.
Треба да се срамат тие кои упорно мислат дека ако брусат шахти и ставаат плочки на споменици, тоа ги прави спремни за ЕУ. Ваква инфантилност е срамна за секој над 7 години.
Одиме понатаму. Треба да се срамат тие кои свесно ги лажеа луѓето со најемотивните теми дека „ќе се дознае вистината за Смилковско/Младенов/Нешковски“. Знаеме и кој е на слобода, знаеме и што кажа сопругата на Младенов. Треба да се срамат тие кои ветуваа чист воздух, вертикално зеленило по згради и гасификација, а секоја зима си го дишат срамот. Треба да се срамат тие кои ќе го продаваа она на М за да купеле амбулантни возила. Власт која не може да купи амбулантно возило, а потрошила 12 милијарди евра за 4 буџети треба доброволно да се самопрогони на пуст остров. Треба да се срамат тие кои одбиваат болни за лекување, а не ја лечат сопствената алчност. Треба да се срамат тие кои лажеа за враќање на иселените, а бркаат се повеќе и повеќе луѓе со нивните празни зборови, неспособност и криминал. Треба да се срамат тие кои го лажеа обичниот народ за 500 евра плата и за кои платата во плико е легална, додека истовремено половина година ја живеат по летувалишта и зимувалишта каде дневен пансион е повеќе од ветената просечна плата. Треба да се срамат тие кои лажеа за Гугл, Фејсбук и Фолксваген, додека си вработуваа до петто колено по институции. Треба да се срамат тие кои правосудниот систем го користат за политички пресметки, уцени и рекетирање и кои се надеваат дека и народот и Европа ќе се слепи на таквото бандистско однесување. Треба да се срамат тие кои го продаваат јавно Гоце Делчев, додека си делат тендери, иновации и концесии. И конечно, треба да се срамат тие кои јавно се крстеа во Катица и провладиниот медиум, а знаеле добро што се случува.
Листата на причини за срам е предолга. А срамота е да се мисли дека таа листа не ја знаат и во Европа.
Тркала едни- пишува Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.