Движењето „Македонија блокира“ попладнево поднесе до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатура за претседател на државата. Нивен фаворит е Филип Петровски, кој е сега дел од фракционерското крило на партијата поради отворените несогласувања со актуелното раководство предводено од Христијан Мицкоски. Тој е поранешен директор на Државниот архив.

Апелирам ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати мојата кандидатура и заедно да го поразиме Зоран Заев“, рече Петровски.

Јавниот оглас во ВМРО-ДПМНЕ е отворен до полноќ, но ќе се остави простор до сабота за евентуалните кандидати што аплицирале преку пошта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.