Маж со секира си ја заклал сопругата. Како што информира МВР, утрово во 6:50 часот 33 годишен маж пријавил дека во спалната од семејната куќа ја пронашол мртва својата 60 годишна мајка Џ.И.
Од полицијата велат дека осомничен за убиството е 67 годишниот сопруг Б.И.
Денеска (10 септември) во 6 часот и 50 минути, В.И.(33) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека во спалната соба од семејната куќа ја пронашол усмртена неговата мајка Џ.И.(60).Осомничен дека го извршил убиството е Б.И.(67) сопруг на Џ.И. и татко на пријавителот, кој со остaр предмети ja усмртил, велат од МВР за Сител.
Од полицијата додаваат дека во моментов Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово вршат увид на лице местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Според неофицијалните информации убиецот се уште е во бегство и полицијата трага по него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.