Безбедносната состојба на подрачјето на општина Дебар е добра. Во изминатите 24 часа не се забележани никакви проблеми во однос на владините мерки. Им благодарам на граѓаните за нивното совесно однесување зашто само со строго почитување на мерките и препораките побрзо ќе ја надминеме оваа состојба, истакна денеска градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој раководи и со Општинскиот оперативен штаб.
– До 28 март беа земени 210 тестови за коронавирус во Дебар Центар Жупа. Резултати имаме за 191 тест од кои 45 се позитивни. За жал, две лица починаа. За 19 тестирани лица сеуште нема резултати. Очекуваме во Општата болница во Дебар да пристигне гинеколог, анестезиолог-реаниматор и медицински техничари обучени за инфективни болести, рече Дука на средбата со новинарите.
По заминувањето од Дебар на поголемот дел или 166 македонски државјани од вкупно затекнатите граѓани по прогласувањето на кризната состојба, Дука информираше дека деновиве ќе заминат и странските државјани кои беа затекнати, а сега се сместени во „Дебарски Бањи-Цапа“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.