Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на својот Фејсбук профил соопшти дека е во самоизолација откако бил во контакт со лице позитивно на Ковид -19.
Ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација со вас, да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше ПОЗИТИВЕН кон тестот за COVID -19, затоа од овој момент ќе останам во самоизолација и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции, напиша Ганиу.
Тој апелира до граѓаните на внимателност, придржување до мерките и сериозно третирање на оваа проблематика бидејќи, како што вели, состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да стапи кон полошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.