Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се сретна со американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз, со која разговарала за интензивирање на соработката и реализирање голем број нови заеднички проекти.

На денешната средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз истакна честитки за изборот за градоначалник, со желба за успешна работа и изрази надеж дека со активна соработка и поддршка ќе се пристапи кон решавање на многубројните општествени проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните.

 

На средбата стана збор за интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и амбасадата на САД, како и за размена на позитивни искуства од различни сфери на соработка што ќе придонесе и за реализирање на голем број нови заеднички проекти – информира Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.