Од денеска во три пекари во Гостивар ќе се дели бесплатен леб за сиромашните и социјално загрозените семејства.
Сметката ќе ја плати едно гостиварско семејство кое не сака публицитет. Во разговорот со нив тие замолија да не се објавуваат детали за нив, туку само да се објават имињата на пекарите. Тие се повеќе од религиски мотиви и нагласувајќи дека никој не треба да остане гладен во ова време
За да биде реализирана во целост оваа акција треба да се исполни само еден предуслов, а тоа е да се изврши претходна нарачка. На тој начин пекарите ќе можат да ја подготват планираната количина на леб за тековниот ден, рекоа од семејството.
Бесплатен леб може да се подигне во пекарите „Кај Аџијата“ (Те Хаџи), во населбата Леска, „Европа“ по булеварот „Браќа Ѓиноски“ и „Бел Дрим“ (Дрни Бард) по улицата „ЈНА“.
Ова гостиварско семејство напомена дека нема ограничување на количините, туку едноствано, како што рекоа, да си земе секој колку му треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.