Најмалку четири лица се пренесени во болница поради вдишување чад од пожарот во Светскиот трговски центар во Хонг Конг.

Околу 300 луѓе останаа заробени на покривот на 38-катната зграда во прометниот трговски кварт Козвеј Беј, додека околу 160 луѓе беа евакуирани од зградата.

Според „South China Morning post“, полицијата соопштила дека седум лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради чадот, од кои четворица биле испратени во болница.

Прелиминарната истрага покажа дека пожарот избувнал во просторија со електрични инсталации, на долниот кат, од каде пожарот брзо се проширил врз скелето од надворешната страна на објектот, до скалите внатре.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.