Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на изјавата на
претседателот Стево Пендаровски при прогласувањето вонредна состојба во Македонија
поради коронавирусот.
„Апелирам до сите граѓани на нашата заедничка и единствена татковина, да бидеме
смирени, да бидеме одговорни и да бидеме солидарни еден кон друг“, рече Пендаровски.
„Нашата „заедничка и единствена татковина“ има име – #Македонија. Не плашете се да
го изговорите!“-напиша Цветанова.
Пендаровски при обраќањето ниту еднаш не го употреби зборот „Македонија“ и најчество ги користеше термините „нашата земја“ и „татковината“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.