Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, информира дека ќе спроведе тендерска постапка за ангажирање надворешна ревизорска куќа која ќе го испитува работењето на претходната локална администрација.
Во одговор на новинарско прашање кое се однесуваше на најавената ревизија за работењето за претходната локална администрација, посочив дека постапката е во тек и се чека да биде распишан тендер на кој ќе биде избрана надворешна ревизорска куќа која ќе ја води целата таа работа.
Она што сакам да го потенцирам е дека апсолутно нема да има штитење ниту толеранција кон никого. Тоа беше мое ветување пред граѓаните и јас ќе го исполнам, секој ќе добие еднаков третман.
За тоа дали некој се огрешил или не, ќе покаже извештајот од ревизорската куќа.
Законот ќе важи подеднакво за сите, нема отстапки – порача Ѓоргиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.