Во координирана акција со ПСОН Ѓорче Петров беа затекнати повеќе лица со моторни возила како го прекршуваат законот за јавна чистота. Против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави и казни, објави градоначалникот Александар Стојковски.

Грдите слики покрај контејнерите се резултат на несоодветно одлагање на кабастиот отпад. Правиме максимални напори со Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров за ваквите слики да бидат минато и потребна е поголема вклученост од целата заедница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.