Сашо Тасевски реагира на тоа што власта не успеала да најде 400 илјади евра за одржување на авионите за гасење пожари и тие да може да бидат ставени во функција, а во исто време се трошат милиони евра за активности и набавки што се целосно несуштински за работата и функционирањето на институциите.

Купиле млазно гориво за канадерите, а знаеле дека годинава нема да полетаат зашто се расипани.

 

Фукнале милион евра за кафемати по министерствата и институциите, а немале 400 илјади за поправка на канадерите…

 

Фукнале преку десет милиони евра за службени возила на функционерите, ама 400 илјади евра за поправка на канадерите им е многу.

 

Купија лубриканти за ЛГБТ заедницата за 200 илјади евра, а не потрошија ни евро за поправка на канадерите.

 

Стево пред два месеци изјавува дека купиле опрема за ноќно летање на хеликоптерите, за вчера да изјави дека не можат да гасат пожар ноќе зашто немаат таква опрема.

 

Петре им се закануваше на пожарникарите со отпуштање зашто барале покачување на плата, а вчера во пожарот се виде дека фалат пожарникари, фали опрема, фалат противпожарни возила.

 

Фали и џелат, ако бидеме искрени.

 

Или нови гемиџии.

 

Додека не почнат да паѓаат глави, додека политичарите живеат богато и лефтерно и покрај сите свои дебакли и гревови кон државата без да се плашат дека ќе им летне главата, ќе ја имаме Северна со сите нејзини метастази.

 

Дури кога ќе се родат тие нови, брутални и безмилосни Македонци кои со меч ќе им влезат на тие метастази, дури тогаш ќе имаме држава ко шо требИт.

 

Се друго се шарени лаги.

 

И да немате сомнеж околу тоа дали ќе се родат нови гемиџии. Натаму оди, ви велам. Понижи еден народ, помножи го со нула, одземи му го правото да се каже кој е… и гемиџии пак ќе се родат. Кога тогаш.. Оти што било, пак ќе биде – коментира Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.