Филмот „Позади хоризонтот“ (Le Milieu De L’ Horizon) во режија на Делфин Лирикеј, кој во голем дел се снимаше во Македонија, е селектиран на престижниот Интернационален филмски фестивал Сан Себастијан, кој е од А категорија, информираат од продукцијата „Кино око“.

Фестивалот во Сан Себастијан е еден од најважните филмски фестивали во светот. Филмот беше подржан од Агенцијата за филм на Македонија во делот за поврат на финансиски средства.

Главните улоги ги толкуваат филмските ѕвезди Летиција Каста и Клеменс Поеси, како и Лук Бручез и Тибот Едвард.

Филмот е во продукција на Box Productions од Швајцарија и Entre Chien et Loup од Белгија, додека македонска поддршка беше продукцијата „Кино око“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.