Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицираните случаи на ковид-19 во периодот сега за разлика од периодот од пред две недели. Анализите покуваат дека процентот на заразени е зголемен за 25%. Расте и факторот на преносливост што е јасен индикатор дека ќе има промена на релативно стабилната ситуација во претходниот долг период, рече денска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче вели дека ваквиот раст може да се каже дека е очекуван имајќи ја предвид ситуацијата во земјите во регионот, Бугарија со речиси 5.000 корона случаи вчера, Грција 8.600, Србија 5.060…
Во однос на хоспитализацијата бројот на хоспитализирани бележи раст за 15% минатата недела на територијата на целата држава.
До крајот на оваа недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме со каква мутација вирусот сега е доминантен, додаде министерот.
Во однос на вакцинацијата, како што рече, до сега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини на територијата на цела држава. Прва доза на вакцини примиле 810 илјади граѓани, околу 8000 граѓани се вакцинирани во странство, а ревакцинирани над 780 илјади граѓани.
Во однос на корона состојбата кај деца на територијата на целата земја има 1.068 активни корона случаи кај малолетната популација до 18 години.
Во Институт за белодробни заболувања Козле има хоспитализирано 23 деца, две деца се на кислородна поддршка, но нема дете во критична состојба, информираше Филипче.
Министерот најави и дека се преговара за набавка на ативирусниот лек од компанијата „Мерк“ и повторно апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.