Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспиталзиациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги даваат потребните резултати. Од утре се очекува да продолжи процесот на имунизација со трите типа на вакцини – Астра Зенека, Спутник В и кинеските од производителот Синофарм со вакцинација на граѓани на возраст од 73 и 74 години. Пријавени се околу 5000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани, а како стигнуваат следните количини вакцини така ќе се надоврзат на процесот на вакцинација соодветно на возрасната граница.

Добро се одвива вакцинацијата заклучно со вчерашниот ден близу 30.000 граѓани се вакцинирани во оној дел којшто значи вакцинација по пунктовите некаде околу 12.000 од вкупно 22.000 распределени дози на вакцината Астра Зенека. Во салата Борис Трајковски денеска завршува вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура со што го заокружуваме тој процес и од утре почнува вакцинацијата на постарите граѓани како надополнување на овој систем што веќе се спроведува. Тоа значи дека вакцинирањето на сите пунктови ширум државата и тука во Скопје продолжува по оној терк на закажување како што трае, фреквенцијата на спроведување е нешто зголемена изминативе денови и од оние 700-800 на ден сега се вакцинираат околу 1000-1500 граѓани,  согласно пријавените термини тоа се спроведува во сите градови. Од утре ќе започне вакцинирањето и на граѓаните помлади од 75 години, кои се пријавени во системот на сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Тие ќе добијат термини, најпрво во Скопје заради тоа што тука е најголем притисокот, тоа значи дека сите 74 и 73 годишни граѓани кои се пријавиле во следниот период ќе бидат вакцинирани. Во овој момент од вакцината Спутник В кон крајот на денешниот ден ќе останат околу 2.500 вакицни, кажувам приближни бројки на коишто ќе надополниме 2.000 вакцини од Астра Зенека од остаток од 24.000 бидејќи, близу 22.000 се распределени и 1.000 кинески вакцини кои пристигнаа како донација и тоа е од прилика вкупната бројка за вакцинација на граѓаните во Скопје на возраст од 73 и 74 и постари – кажа министерот Филипче



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.