Ако не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, можно е да има мини пик, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Многу од предвидувањата во врска со вирусот не се остварија, некои пак се остварија посебно во делот дека ќе има есенски пик. Со последните мерки и препораки имаме сериозен ефект во намалувањето на бројот. Болниците се полупразни. Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Нема да го смениме системот на реорганизација на јавно здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин, изјави министерот по предавањето на донацијата од Германската амбасада во Поликлината во Шуто Оризари.
Во однос на вакцините Филипче вели дека ни нашата земја, ни која било друга, не знае однапред која вакцина ќе ја добие преку Ковакс механизмот.
Уште на почетокот оставивме простор да разговараме и да користиме и други механизми освен Ковакс механизмот. Освен тој механизам, се понудија и европските земји кои за време на правењето на нивните директни договори земаа предвид оти треба да споделат и со останатите земји кои не се членки на ЕУ и оттука доаѓаат понудите на Полска, Бугарија, Грција, сега и на Австрија. И третиот механизам, имавме директни разговори со компаниите. Согласно динамиката на нивното производство, практично ние очекуваме да имаме и поинакви вести од овие досега кои што ни ги даваа за време на разговорите. И тие ние укажаа дека се соочуваат со огромен притисок, рече министерот, додавајќи дека нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.