На улицата .„Народни херои“ со ул.„Михаил Чаков“, вчера околу 04.00 часот од полициски службеници се лишени од слобода В.Н.(25) и А.М.(37), и двајцата од Скопје, бидејќи се фатени при вршење на кривично дело тешка кражба од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.А.(30), соопштија од МВР.
Оттаму додаваат дека лицата се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, за случајот е известен Јавен обвинител и по комплетно документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.