Компанијата „Фајзер“ тужи долгогодишна вработена поради наводна кражба на „голем број“ доверливи документи, вклучувајќи и такви поврзани со вакцината против корона вирусот.
Во тужбата поднесена во вторникот пред федералниот суд во Сан Диего, „Фајзер“ тврди дека станува збор за вработената Џун Ксијао Ли, која го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање без дозвола на повеќе од 12.000 датотеки на нејзините лични профили и уреди од нејзиниот деловен лаптоп.
Наводните материјали вклучуваат „прирачник“ од 24 септември кој содржи внатрешни проценки и препораки за вакцината против коронавирус на „Фајзер-Бионтек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.