ЕУ се закани дека ќе ја преиспита помошта за Босна и Херцеговина за илјадниците мигранти блокирани на нејзината териотрија.
Предупредувањето е испратено во име на ЕУ комесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон до гувернерот на босанската северозападна област Краина каде пристигнуваат поголемиот дел од мигрантите кои влегуваат во земјата.
Заканата се однесува на тоа што земјата не презема одговорност за веќе воспоставените прифатни центри финансирани од ЕУ. Европската комисија очекува властите во БиХ да го почитуваат владеењето на правото и човековите права, се наведува во писмото.
ЕУ досега во Босна има помогнато со 60 милиони итни средства, главно за шест мигрантски центри каде во моментов престојуваат 6000 луѓе. Се проценува дака околу 1500 преживуваат во сурови, нехумани услови во неколку градови во оваа област која се граничи со Хрватска, која е членка на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.