Поранешниот командант на ОВК, Салих Мустафа, не сакаше да се изјасни за виновен пред судијата на претходна постапка на Специјализираниод суд на Косово.Тој е обвинет за голем број воени злосторства на Косово од април 1999 година.
Нема да се изјаснам за виновен, пред да го сторам тоа, сакам да се консултирам со мојот бранител, рече Мустафа откако накратко му беше презентирано обвинение во кое се товари за воени злосторства според меѓународното кривично право: произволно лишување од слобода, суров третман, тортура и убиство.
Тој има право да се изјасни на обинението во рок од 30 дена.
Со оглед на тоа што е во притвор, Мустафа, според судијата на претходна постапка, нема право да се брани од слобода.
Мустафа седеше во судницата со маска на лицето, а во просторијата присуствуваше неговиот адвокат, како и главниот обвинител на Специјализираниот суд, Џек Смит и неговите помошници.
Потврденото обвинение против Мустафа тврди дека злосторствата за произволно лишување од слобода, сурово постапување и тортура биле извршени против најмалку шест лица приближно од 1 април 1999 до 19 април 1999 година на имот во Злаш, Косово, кој служел како затвор.
Понатаму се тврди дека еден затвореник бил убиен на таа локација помеѓу приближно 19 април 1999 година и крајот на април 1999 година.
Мустафа, познат како командант Каџи, беше уапсен и екстрадиран во Хаг на 24 септември, по наредба на претходен судија, откако обвинението беше потврдено. До почетокот на судењето, тој ќе биде во одделот за притвор на Специјализираните комори во Хаг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.