Премиерот Зоран Заев минатата недела беше во посета на населените места Иловица и Штука каде е предвидено да се отвори рудникот Иловица Штука.
Жителите на овие населени места го дочекаа премиерот Заев со свирежи и негодувања поради неговото присуство во населеното место.

На ексклузивната видео снимка што ја објави Курир се гледа како откако со најава му е дадено збор на Заев, тој бил негативно дочекан од жителите.

Жителите и граѓанските здруженија за време на оваа средба изјавија дека рудникот не треба да биде отворен, бидејќи ќе страда целиот регион, и ќе има несогледливи последици по здравјето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.