Разговорите за обнова на Македонија продолжуваат и овој викенд. Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со партиска делегација е во посета на општина Градско.

И покрај ветувањата за исплата на штетите од измрзнувањето од 2016 година, се уште не се исплатени на 130 семејства и не можат да си го остварат своето право и да го земат овој надомест. Предизборното ветување  за откупниот центар за земјоделски производи исто така е едно од ветувањата кое на манипулативен начин добијат поддршка од жителите на оваа општина, но сепак воопшто и не е започнато со изградба на овој откупен центар. Тука е и проблемот со средувањето на речното корито на мостот во село Ногаевци за кое што има огромен сомнеж дека станува збор и за криминални активности, но и сериозно ја загрозува безбедноста на самиот мост, вели Јанушев.

Тој додава дека ова е нешто што е типично за работењето на криминалн-рекетарската банда на Заев бидејќи во еден очај, во немоќ ги гледаме како полека отстапуваат од оние мерки за кои што се бореа а кои што се на штета на граѓаните, па така во последните неколку дена видовме како пробуват на некој начин да ретерираат и од прогресивниот данок кој што го воведоа пред извесно време.

Факт е дека Заев паѓа, а Македонија почнува со обновата. Можеме само да им порачаме ма граѓаните да се охрабрат и да ни се придружат, да бидат со нас на овие настани каде што ќе ни ги кажат своите проблеми а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе земеме обврска за истите да понудиме решенија во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.