Во годините после финансиската криза централните банки низ светот остро ги намалија каматните проценти во обид да го стимулираат стопанскиот раст, инвестициите и вработеноста. Во некои држави оваа стратегија проработи успешно, а во други не сосема, но така или вака, мнозинството од економистите и пазарните аналитичари се на мнение, дека ерата на “нулта каматите” веќе е на својот крај.
Согледувајќи ги овие особености, банките во Македонија започнаа да нудат различни производи со атрактивни услови. Современиот живот стана се` поинтензивен и забрзан и корисниците имаат потреба од комплексни услуги, коишто ги задоволуваат нивните барања и ги решаваат нивните проблеми во различни правци. Овие факти им се добро познати на финансиските институции, кои вешто го ловат желбите на корисниците.
Новиот „Зимски депозит” од „УниБанка” ги обединува предностите на неколку производи, со тоа што истовремено нуди највисока профитабилност на пазарот во моментов. Влогот е со флексибилни услови, се нуди со различни рокови и варијанти за користење, при што со депозит за рок од 36 месеци, клиентот ја добива највисоката понудена камата на банкарскиот пазар кај нас – 3.30%. Каматата е фиксирана во текот на целиот период на депозитот.
„Зимски депозит” е производ за физички лица во евра и во денари. Каматата за депозитот е непроменлива до крајот на рокот на депозитот, којшто може да се избира согласно желбата на клиентот: 36 месеца, 24 месеца и 12 месеца. Минималната големина на влогот е утврден во висина од 5000 евра / 300000 денари, со тоа што износот може да се зголемува без ограничувања во текот на целиот период на договорениот рок.
Не добиваме само од каматите
Високата профитабилност доаѓа во текот на февруари со новиот производ на „УниБанка” заедно со уште неколку бонуси, од коишто клиентите можат да имаат корист. Со „Зимски депозит” вложувачите добиваат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесконтактна кредитна картичка со ограничување до 30000 денари и бесконтактна дебитна картичка со можност за користење на пречекорување до 30000 денари. Предноста на производот, е и опцијата за електронско и мобилно следење на профитабилноста на депозитот во секој момент од страна на клиентите.
За повеќе информации: http://www.unibank.com.mk/categories/view/903
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.