Во октомври годинава забележан е зголемен промет во трговијата на мало во споредба со истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 10,9, а реално за 7,2 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 9,5, а реално за 7,8 отсто), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10,2, а реално за 7,5 отсто) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 45, а реално за 13,7 отсто).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.