Интересот за работа во поштенскиот сектор е зголемен за 15 – 20 проценти од вообичаеното во овој период на годината, за што говори и фактот што за последниот месец имавме консултации со повеќе фирми заинтересирани за работа во достава на онлајн пратки, вели во интервју за МИА директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска.

Таа говори и за регистрираните случаи во изминатиот период од страна на Агенцијата за пошти со нелогично кодирање пратки, измами од нерегистрирани продавници и упатува апели и совети до корисниците на поштенски услуги. Зборува и за мерките за поддршка од регулаторот кон давателите на поштенски услуги поради кризата со пандемијата, потребата од мултисекторски пристап за сузбивање на сивиот пазар, претстојната либерализација на поштенскиот пазар…

Токму така, глобалната криза и пандемијата предизвикани од КОВИД-19 повлекоа низа промени, а меѓу другото го забрзаа и процесот на имплементација на концептот на е-трговија. Ограничувањето во движењето што беше во сила од средината на март, скратеното работно време на продажните места, придонесоа да се променат навиките и да се зголеми свеста кај нашите граѓани, дека многу лесно и на едноставен начин, со користење на онлајн услугите преку своите електронски помагачи (мобилен телефон, компјутер, таблет и сл.) можат да извршат финансиски трансакции, да купат различни производи и да им бидат доставени на домашна адреса. Како што веќе напоменав, настанатата ситуација придонесе со забрзан чекор да се поттикне електронската трговија и во нашата држава, па во таа насока и да се зголеми бројот на онлајн нарачките со достава до вратата на купувачите. Како што е познато, една од надлежностите на Агенцијата за пошти е и заштита на интересите на корисниците на поштенските услуги. Во тој поглед, корисниците, без разлика дали се во својство на испраќачи или примачи на пратки, доколку имаат прашања поврзани за поштенските услуги или, пак, имаат проблем со доставата на своите пратки, имаат можност да се обратат до Агенцијата, од каде што секогаш навремено добиваат информации, насоки и одговори за тоа на кој начин да ги искористат своите законски права пред давателите на поштенски услуги, но и пред самата Агенција. Во Агенцијата се регистрираат, односно се евидентираат сите поднесоци од корисниците на поштенските услуги и во зависност од основата на поднесокот се преземаат соодветни активности, , изјави Аврамовска Ѓоревска.

Целото интервју овде 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.