Во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 56,6 отсто, кај домашните за 56,6, а кај странските за 56,6 проценти. За 46,4 отсто е зголемен и бројот на ноќевањата, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.
Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136.291, од кој 66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618.314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.