Фидани и трактори пред Владата. Откако земјоделците го фрлија родот пред мостот „Гоце Делчев“ пред полициската блокада, полицискиот кордон дозволи земјоделците да продолжат пред Владата. Оние со механизација беа задржани до сообраќаната полиција, па по контрола на документацијата и тие беа пропуштени да заминат пред Владата.

Во моментов говори држат претседателите на здруженијата.

Денеска на протест во Скопје излегоа земјоцелци од целата земја организирани од шест земјоделски здруженија. Тие нагласија дека нивниот пртест нема политичка заднина. Ненавремена исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата од пред една година, се причините поради кои Здружението на сточари „Агроцентар” од Велес, поддржано од други земјоделски здруженија, организира протестен марш во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.