Сите земјоделци кои веќе ги осигурале посевите или добитокот ќе можат до 31 август 2020 година да достават барање за добивање финансиска поддршка за полисите за осигурување. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува сите земјоделци дека остануваат уште десет дена за поднесување барања за помош за премии во осигурување.

Секој работен ден во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да се поднесат барањата за субвенции.

Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди, а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив, вели директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.

Од таму апелираат да не се чека последниот рок за поднесување на барањата, туку тоа да се напраби навреме и со почитување на сите заштитни мерки кои се пропишање, како носење маска, одржување на расојание итн., при доставување на барањата во подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.