Претставници од шест регионални земјоделски здруженија на денешната прес – конференција во Кавадарци изразија незадоволство од состојбите во земјоделството и најавија протест пред Владата за в сабота на 26 октомври, кога, како што рекоа, исто така ќе се обидат да го свртат вниманието врз проблемите кои ги имаат земјоделците. Недоследности во субвенционирањето, беше само една од забелешките, а се пожалија и дека откупувачите имаат добивка на нивен грб.

Златко Стојчев, претседател на Регионалното здружение на лозароовоштари од Тиквешко, рече дека маката ги тера да реагираат. Тој додаде дека се незадоволни од цената за килограм грозје. Нагласи дека бараат исплата на грозјето предадено во винарии пред повеќе години, обесштетување поради сушата, а акциза за домашно произведена ракија да се плаќа по влез во ЕУ, да има загарантирана цена. Повтори дека бараат поддршка од сите политички партии.

Драгољуб Гаврилов, оризопроизводител од Чешиново-Облешево, кочанско, исто така се пожали на ниската откупна цена за оризот.

Зоран Илиески, претседател на Здружение на овоштари ,,Агропреспа” Ресен, се осврна на повеќегодишните наталожени услови за овоштарство во Преспа, како што се ниските цени и несигурниот пласман како само еден од бројните проблеми со кои се соочуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.