Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот, ги повика земјоделците да не чекаат и веднаш да се пријават за субвенции за сончоглед.
Со развој на договорното производство очекувам годинава да се зголемат насеаните површини со сончоглед во земјава (лани имаше само 2000 ха). Земјоделците побараа од Владата да се зголемат субвенциите што го направивме и гарантираме сигурен откуп, односно почитување на договорите со откупувачот „Благој Ѓорев“.
Цената ќе биде пазарна, а со повисокиот принос преку квалитетното семе и другите агротехнички мерки, се очекува исплатливост на производството.
Земјоделци, не се размислувајте, имате време да ги подготвите површините. Субвенциите за 5 до 50 ха со сертифициран семенски материјал се 23 160 денари. доволна мотивација да склучите договор со откупувачот и да набавите семе, пишува Николовска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.