Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 30-от роденден на УМС кажа дека Заев и ДУИ со новите даноци кои планираат да ги донесат дополнително ќе ги задолжат граѓаните.

Национален интерес е и да се бориме за здрава економија, просперитет и развој. А состојбите се повеќе од алармантни. Би рекол – катаклизмични. ЕДНА милијарда евра во буџетот ја нема, а нема проекти. Парите се извлечени преку задолжување и се искористени во поткуп и кражби. Се сеќавате ли на пресовите на оној Тевдовски Данска и Кире Наумов, кои паѓаа во несвест велејќи дека долгот бил цели 38 осто кога ВМРО имаше влада? Е сега тој е 63 отсто, или секој човек, секој жив човек должи над 3500 евра во државава. Наместо 500 евра плата во 2017-та, денес сите имаме 3500 евра долг. А само со новиот ребаланс владата ќе го задолжи секое семејство во земјава со нови дополнителни 500 евра. Воедно, со ребалансот се предвидува и нова давачка а тоа е поскапување на дизел горивата за скоро 4 денари, што ќе биде директен удар за сите граѓани, а особено за земјоделците и транспортерите, што ќе предизвика ценовен шок и нов бран поскапувања на сите производи. Е оваа давачка ја викаат „еколошки данок“. Така, поатрактивно да делува. А откако ДУИ и Заев се свртеа кон зеленото ќе поскапе дизелот, среде Скопје направија масакр со дрвата на Орце Николов, со увезување на загаден мазут го трујат воздухот, што значи кај и да е овие брзо ќе го напуштат зеленото и ќе се вратат на основните занаети, а тоа се криминалот  и корупцијата. Народот вели дека зеленото најбрзо пожолтува, а ќе пожолтат кога на избори ќе чујат народот што мисли за нив, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.