Вчера во Солун од Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, беа презентирани новата колективна трговска ознака и слоганот со кои грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи, ќе бидат пропратени на меѓународно ниво. Станува збор за слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина.
Овој потег наиде на бурни реакции во македонската јавност, но и 24 часа подоцна, нема никаква реакција од македонската страна, од преговарачкиот тим, Министерството за надворешни работи или било кој од функционерите, што според политичкиот аналитичар Арсим Зеколи е вистинскиот проблем.
Гестот на Грција со „Macedonia is GReat“ е понижувачки. Но поголем проблем е што нашето водство-преговарачи мува не ги лази да дадат оставка или бидат сменети. Со што се дава на знаење до Атина дека што и да покренат, од наша страна ќе има едно 24 часа џав-џав и никаква реакција, пишува аналитичарот.
Гестот на Грција со Macedonia is GReat е понижувачки.
Но поголем проблем е што нашето водство-преговарачи мува не ги лази да дадат оставка или бидат сменети. Со што се дава на знаење до Атина дека што и да покренат, од наша страна ќе има едно 24 часа џав-џав и никаква реакција.— Arsim Zekolli (@ArsZek) November 15, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.