Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка со писмен допис се огради од објавите во врска со стечајната судијка.
Би сакале да ве известиме дека од пред неколку часа има објава на текст во име на нашето Здружение од која мора да се оградиме бидејќи не е наш текст..
За точноста на веста во овој момент не можеме да се изјасниме бидејќи не е податок до кој што сме стигнале преку сопствено истражување, но за претходните текстови а и идните со кои планираме да ја известуваме јавноста за КРИМИНАЛОТ, можеме да гарантираме за точноста на истите.
Ние и понатаму ќе продолжиме најтранспарентно да ја известуваме јавноста околу детали за КРИМИНАЛОТ во ЕСБ банка, и би замолиле во иднина доколку добиете текст од некој друг да објавите од кого доаѓа, т.е. доколку не е од нас да не се наведува спротивно.
Воедно повторно би сакале да ви се заблагодариме на досегашната соработка.
ПРОДОЛЖУВАМЕ И ПОНАТАМУ!, стои во дописот од Здружението на оштетени од Еуростандард банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.