Министерствата за економија и за здравство се скараа околу отворањето на рестораните и кафулињата, објави „Алсат-М“.
Вчерашниот состанок на кој плус учество земале и самите угостители завршил без договор. Информациите до кои дојде Алсат велат дека иако предлозите првично беа најавени да се најдат на денешната владина седница, тие се префрлени за утре.
Првичните информации до кои дојдовме пред неколку дена беа дека угостителските објекти ќе познат да примаат гости од понеделник 11-ти мај. Тој предлог сè уште стои на маса, меѓутоа има несогласувања помеѓу угостителите и Министерството за економија од една страна, наспроти Министерството за здравство од друга страна. Од Министерството за здравство сметаат дека гостите треба да бидат само во летните бавчи или терасите, меѓутоа за угостителите и Министерството за економија тука нема економска оправданост. Угостителите дополнително се на ставот дека на тој начин се прави и дискриминација бидејќи сите угостители немаат иста површина на летни тераси.
Целиот текст тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.