Денес завршува мандатот на членовите на управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители.

Како единствен орган на управување, во својот 5-годишен мандат во официјалните регистри согласно Законот за вршење на сметководствени работи евидентираа и регистрираа 9.100 сметководители и овластени сметководители како и 1.850 лиценци за правни субјекти за вршење на сметководствени работи.

На жиро-сметките на Институтот на располагање расположливи се парични средства во вкупен износ од 27.000.000,00 милиони денари, а од сметководствената евиденција видно е дека се очукуваат дополнителни приходи по основ на членарини приближно 84.000.000,00 милиони денари.

Институтот во изминатиот период покрај редовните активности и опслужување на своите членови даде сериозен придонес во насока на измени на постоечкиот закон како и подготвување и донесување на нов закон, кој ќе даде одговор на прашањето што понатаму со Институтот, неговите срдства, правата на претставниците на сметководствената професија и унапредувањето на професијата заради нејзината огромна одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.