Дополнителниот заменик министер за МЗШВ, Цветан Трипуновски денес на првиот работен ден беше во посета во прилепското Мало Коњари каде што пред земјоделците го презентираше неговиот план за работа и делување во министерството.
Тој пред присутните посочи дека игнорантскиот однос и проблемите кои власта на СДСМ ги имаше кон земјоделците од овој крај завршува, бидејќи сега тие добиваат заштита и гаранција дека трудот ќе им биде вреднуван отсега па натаму.
Откупот на тутунот е катастрофален и се одвива по притегнати линии, дополнително Тутунскиот Комбинат Прилеп веќе 20 дена е затворен и не врши откуп додека сезоната е во ек. Акумулацијата за наводнувавње на прилепското поле е празна, а за скоро земјоделците ќе треба да почнат со наводнувањето на земјоделските површини. Се уште не им се исплатени субвенциите за млеко и другите култури. Расте трендот на иселување на младите од овој регион, а една од причините е тоа што се уште нема одговор од страна на министерството за мерката млад земјоделец, изјави Трипуновски.
Тој истакна дека лично ќе се заангажира и ќе ги посети сите агенции и инспекторати за да провери каде се закочени работите и зошто се доцни толку со исплатите и обврските кон земјоделците и останатите проекти.
Овие 100 дена како технички заменски министер ќе ги искористам максимално и ќе се посветам на работата за подобрување на условите и стандардот на македонскиот земјоделец. Од денеска па до последниот ден до 12 април, јас ќе бидам постојано на терен секојдневно, потенцираше Трипуновски.
На крајот од неговата посета во Мало Коњари тој нагласи дека сите манипулации и притисоци ќе бидат минато и карактеристика за владеењето на Зоран Заев и неговото опкружување, а приоритетите на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат враќање на достоинството на земјоделците и овозможување на реален поттик и мотив за младите земјоделци да останат во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.