Претседателката на Инспекцискиот совет посочи дека во овој период, најбројни се контролите направени од Државниот пазарен инспекторат, вкупно 1.441, во трговски објекти на големо и мало во кои спаѓаат и угостителски објекти, аптеки, бензински станици, банки и пошти. При овие контроли, во најголем дел од случаевите извршена е контрола во однос на поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите  и проверка на почитувањето на уредбата која се однесува на замрзнатите цени на одредени производи, во висина на цените од 11 март.

Државниот пазарен инспекторат постапуваше по утврдените неправилности и притоа се затворени вкупно 9 угостителски објекти во Тетово и Гостивар, додека во Скопје и Тетово се запечатени 18 кафемати. При контролите извршени во Охрид, воочено е непочитување на одредбата за носење на маски во 8 објекти и по истото е веднаш постапено, издадена е наредба за повлекување на дезинфекциски средства во еден објект и постапено е по пријави за променети цени во 4 трговски објекти во малопродажба, кажа Филиповска-Грашкоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.